Почитувани,

 

ЛЕВЕЛ 7 е агенција за недвижности, основана и регистрирана во Јануари 2009-та година. Таа за краток период успеа да се наметне во Македонија како агенција со завидна база на задоволни клиенти, со многу соработници, како и со врвно квалитетна и селектирана понуда на недвижен имот.

 

ЛЕВЕЛ 7 - Агенција за недвижности

Со ЛЕВЕЛ 7 раководи млад, амбициозен и креативен тим, чија основна цел и идеја е да креира респектабилен бренд кој ќе биде препознатлив по своето професионално и морално функционирање, и што ќе им овозможи и гарантира на своите клиенти сигурен партнер за соработка.

 

ЛЕВЕЛ 7 успеа во својот начин на работа да етаблира одредени стандарди и принципи, да воведе непосредна и блиска комуникација, како и целосна посветеност кон желбите и можностите на своите клиенти. Сите овие новини во работењето како и многу други, им овозможуваат на нашите клиенти подобра информираност за недвижноста, подобра понуда и поголема добивка.

 

Организациската и продажна способност која е една од носечките сили на ЛЕВЕЛ 7, претставува основа за справување со различни предизвици и максимално ги задоволува барањата на нашите клиенти, истовремено следејќи ја правната регулатива како правна заштита на договорните страни.

 

ЛЕВЕЛ 7 чија основна дејност е посредување при купопродажба и изнајмување на недвижен имот, располага со квалитетно селектирана понуда составена од:

  • ексклузивни станови и куќи за продажба и изнајмување
  • атрактивни локации за изградба на објекти како во централно градско подрачје така и во индустриски реони на Скопје и Охрид
  • деловни простории кои што ги исполнуваат сите стандарди за деловното функционирање

Ве покануваме да ја разгледате нашата понуда и да се запознаете подобро со нашата деловност, професионалност при работењето и пред се чесност. ЛЕВЕЛ 7 во секој момент ви стои на располагање да биде Вашиот личен посредник за недвижности.

 

Со почит,

 

Игор Панчевски

Генерален Менаџер

 

ЛЕВЕЛ 7

Агенција за недвижности